(ОБНОВЕНО) ОТШТЕТНО ПРАВО: ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ГРАЃАНСКИ СУДЕЊА

Во ПРИЛОГ се дадени изменетите термини за посета на граѓански судења пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, за студентите кои ја слушаат предметната програма отштетно право, како изборна во VIII-миот семестар, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Термините и распоредот по групи се фиксни и не подлежат на промени, од причина што истите се најавени на Судската полиција. Студентите се должни со себе да носат индекс и документ за лична идентификација. Исто така, студентите кои посетуваат судења се должни да се најават во Судот десет минути пред соодветниот термин на рочиштето.

Н. Гавриловиќ