Оn-line академска работна маса на тема „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID-19“, 29 април 2020 година (среда) со почеток во 13 часот, платформа Microsoft Teams.
Оn-line настанот има за цел подобро разбирање на националната перспектива во однос на справувањето со пандемијата COVID-19. Исто така, преку настанот се цели да се анализираат импликациите на постојната состојба врз правните, политичките, економските и пошироките општествени аспекти, вклучително прогласувањето на вонредна состојба, справувањето со економските предизвици за време на криза, одржувањето на политичка стабилност на системот, почитувањето на човековите права и слободи и известувањето и односите со јавноста во време на пандемија.
Преземете ја агендата ТУКА.
Преземете ја финалната програма со книга на апстракти ТУКА.