ПОВИК ЗА ЛЕТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ПО КОНТИНЕНТАЛНО ПРАВО

Фондацијата за континентално право во Франција, ќе го организира своето 11 издание  на Летниот универзитет по континентално право, од 1-ви до 19 јули 2019.

Летниот универзитет е наменет за студенти, како и за професионалци од оваа област. Обуката обрнува внимание на специфичностите на континенталното право, традицијата на француското право, еволуцијата и влијанието на правните модели.

Секоја година, овој летен универзитет привлекува стотина студенти и професионалци од 50-на земји.

Предавањата се одвиваат на француски, англиски и шпански јазик.

На крај, после финалниот испит, учесниците добиваат сертификат за обука по континентално право, издаден од Универзитетот Пантеон – Асас (Париз 2) – Université Panthéon-Assas (Paris II).

 

Повеќе информации, како и пријавување на следниот линк:

https://www.fondation-droitcontinental.org/fr/universite-dete-summer-school-universidad-de-verano/