Во рамки на Еразмус+ проектот „Модернизирање на европското правно образование (MELE)“, минатата недела (3-6 април), професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – проф. д-р Неда Здравева, проф. д-р Елена Игновска и проф. д-р Илина Ценевска, со свои презентации учествуваа на работилница на тема „Modernising European legal education: Innovative strategies to address urgent cross-cutting challenges”, организирана од Универзитетот во Гронинген – Кампус Фрислан во Леварден, Холандија. На работилницата, претставниците од универзитетите-партнери во MELE проектот имаа можност да ги споделат различните искуства во поглед на примената на иновативни наставни методи во правното образование.