ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка
ПРОФ. Д-Р ВЕСНА ПЕНДОВСКА
редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
на Катедрата за финансово право и финансии
1955-2021
Со заминувањето на проф. д-р Весна Пендовска, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценета колешка и пријателка.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје