ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка
ПРОФ. Д-Р ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА
редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
на Институтот за меѓународно право и меѓународни односи
1967-2022
Со заминувањето на проф.д-р Татјана Петрушевска, Правниот факултет изгуби почитувана колешка и особено ценета пријателка, извонреден интелектуалец, посветен наставник и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа, ведрината и позитивната енергија со која зрачеше и хуманиот однос кон студентите и вработените на Факултетот.
Посмртните останки на проф.д-р Татјана Петрушевска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 13.10.2022 година (четврток) од 12,30 до 13,30 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје