Студентите на кои не им е обновено здравственото осигурување, а за кои фалкутетите имаат доставено потврда за редовно студирање, но истите во тој момент не биле пријавени за здравствено осигурување преку родителот/старателот, треба да ги следат следниве инструцкии:
– Да го пополнат образецот кој се наоѓа на следниот линк: https://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/ZO-1%20Obrazec.pdf
– Инструкциите за пополнување на образецот можете да ги најдете на следниот линк: https://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Upatstvo_za_popolnuvawe_na_ZO1.pdf
– На образецот податоците кои ги внесувате се:
1. Податоци за работодавачот на родителот;
2. Податоци за родителот преку кој сте здравствено осигурани;
3. Податоци за студентот.
– Пополнететиот образец го испраќате на следниот мејл: podracnasluzbaskopje@fzo.org.mk
– Во subject наведете Здравствено осигурување за студент име и презиме.