Потсетуваме дека согласно Академскиот календар на Школата, пријавување за годишните конференции во летниот семестар 2018/19 година е определено да се одвива во временскиот период од 26.3 до 29.3.2019 година.
Замолуваме, пријавите за годишната конференција од вашата студиска програма да ги доставите до Школата за докторски студии, заклучно со 3.4.2019 година. И тоа потсетуваме:
- Студентите на трет циклус докторски студии кои се пријавуваат за годишна конференција со семинар во втор семестар, треба да достават Пријава и Апстракт;
- Докторандите кои се пријавуваат за годишна конференција од четврти/шести семестар треба да достават Пријава, Труд, Рецензија за трудот;
- Докторандите семинарот од трети односно петти семестар го пријавуваат и реализираат во склоп на студиската програма.
Пријава на втор семестар-конференција