Почитувани,
Ве известуваме дека се отворени сметки на сите студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сите се со име ime.prezime@students.pf.ukim.mk.
Во прилог ви праќаме упатство за промена на лозинката, како и упатство за користење на Microsoft Teams.
Дознавање на корисничко име/студентска e-mail адреса и промена на лозинка:
https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4&feature=youtu.be
Ве молиме, во најбрзо време активирајте ги новите сметки, бидејќи преку истите ќе се приклучувате на онлајн настава преку апликацијата Microsoft Teams. Во прилог упатсвото.
Со цел навремена подготовка, потребно е да преземеме подготвителни активности.
Како алатка за реализација ќе ни послужи видеоконференциската платформа на Microsoft која веќе постои како апликација на порталот Office365, а се вика Microsoft Teams или само Teams. За да може секој поединечно да пристапи на споменатиот портал, задолжително треба да се најави со својот мејл со екстензија @ students.pf.ukim.mk.
На порталот може да пристапите преку линкот:
Доколку некој од вас има било какви проблеми со најавата, да го контактира Стефан Крстановски на моб.:070/365-518.
За целите на реализацијата на наставата, ќе ви биде потребен сметач, со пристап на интернет, на кој има можност за аудио комуникација (микрофон, звучници или слушалки, а камера и не е потребна, бидејќи не планираме да користиме видео од причина што троши премногу и непотребно мрежни ресурси). Во принцип, може да се користат и мобилни уреди и таблети бидејќи за нив постои апликацијата Microsoft Teams (на Google PlayStore и Apple AppStore), меѓутоа, тие се помалку корисни при потребата од користење на тастатура (а таква потреба ќе имаме, бидејќи нема само да зборуваме, ќе треба и да се гласа).
Значи, за да ја завршиме успешно оваа прва фаза, потребно е на сметачот кој ќе го користите за „присуство на наставата“ да ја инсталирате апликацијата Microsoft Teams, на следниов начин:
- Во интернет прегледувач појдете на адресата https://portal.office.com
- Се најавувате со вашето корисничко име и лозинка
- Откако ќе влезете на порталот ја бирате апликацијата Teams која ќе ви се отвори во независен таб
- Најдолу лево во табот е иконата “download desktop app” (лабелата се појавува ако дојдете со глувчето на неа без да кликнете), кликнете ја и сименете и инсталирајте ја апликацијата Teams
- По успешната инсталација, апликацијата сама ќе се отвори и ќе ја побара вашата корисничка сметка. Внесете ги деталите за корисничка сметка (пред да ја внесете лозинката, апликацијата може да ве праша кој тип на сметка сакате да користите, доколку имате и обична сметка на Microsoft со исто корисничко име, надвор од порталот Office 365 – изберете “work or school account”)
- Следат неколку чекори за доинсталирање на апликацијата после кои таа се активира и вие можете, после кликнување на иконата “Teams” да видите дека сте вие член на тимот „НАЗИВ НА ПРЕДМЕТ ШТО ГО СЛУШАТЕ“.
- Ако ја затворите апликацијата таа останува активна во позадината додека вие може да продолжите да работите други активности.
Важно: Доколку користите Windows 10 оперативен систем, не заборавете во “Settings” да го овозможите микрофонот како уред, доколку тоа не сте го сториле до сега, на следниот начин: кликнете на Windows знакчето најдолу најлево на екранот -> изберете Settings -> во новоотворениот прозор, во полето за пребарување внесете: microphone privacy, a потоа изберете “microphone privacy settings” и следејќи ги упатствата на следниот екран овозможете пристап на апликациите на микрофонот евентуално, со кликнување на копчето “Change”.
Кога и ако Windows defender firewall ви побара дозвола апликацијата Microsoft Teams да може да комуницира преку некои од мрежните профили – дадете дозвола со притискање на копчето “Allow access”.
Пред започнувањето на наставата ви упатуваме неколку кратки практични упатства за нејзина поуспешна реализација.
Во видеоконференциската сесија се вклучувате со апликацијата. Откако ќе ја активирате, во левата лента со опции ја бирате опцијата Calendar и го наоѓате во соодветниот период закажувањето за предавањето. Го кликате, ви се отвора нов поглед во кој има копче Join (или можеби уште додека сте во календарот на самото предавање има такво копче). Копчето го кликате во закажаниот период и би требало да ви се овори нов екран во кој ќе ги гледате вклучените учесници во сеницата.
Ако мрднете со глувчето во просторот каде се учесниците, ќе ви се појави во долниот дел една лената со различни избори. На оваа лента обезбедете камерата да биде исклучена, а и микрофонот ќе го вклучите само во моментите кога ќе земете збор. Значи, освен кога ќе зборувате, држете го микрофонот исклучен (иконата прешкртана).
Пронајдете ја малку подесно на лентата иконата за Chat и кликнете ја, за да ви се отвори во десениот дел на екранот просторот за текстуална комуникација. Ова е многу битно да го направите оти преку Chat опцијата ќе барате збор за дискусија.
Со почит,
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје