Драги студенти,
Ве известуваме дека во тек е рокот за пријавување на Moot Court натпреварот.
Во овој период, кога сме полни со знаења после испитната сесија, а токму пред стартот на следниот семестар, Ве мотивираме да го искористите рокот до . . година и да станете дел од овој натпревар.
Во продолжение ви нудиме дообјаснување и одговори на прашањата поврзани со натпреварот:
Што ви нуди Moot Court натпреварот
Moot Court натпреварот ви нуди единствена можност да ги продлабочите и усовршите вашите знаења од областа на човековите права, механизмите за нивна заштита, Европската конвенција за човекови права, работата на Европскиот суд за човекови права и постапката пред него. Ќе се најдете во улога на апликант или држава, ќе имате шанса да пишувате правни поднесоци, да се користите со праксата на судот и на крај вашите поднесоци усно да ги презентирате пред судии од Европскиот суд за човекови права од Стразбург.
Што ви е потребно
Да сте најмалку студент во трета година, правни студии;
Да ги имате положено испитите Вовед во правото на ЕУ и Меѓународно јавно право;
Да имате солидни познавања од англискиот јазик;
Да имате вештини за јавно говорење и јавен настап.
Како оди селекцијата
Од заинтересираните студенти, ќе се изврши избор на шестмина најдобри учесници кои ќе учествуваат на натпреварот, соодветно поделени како тим држава и тим апликант.
По формирањето на тимот, ќе следи подготовката на даден случај заедно со тренерите, адвокати и експерти од областа на човековите права.
Каде, кога, како ќе се одржи натпреварот
Финалниот натпревар ќе се одржи во Црна Гора, Подгорица во месец мај.
Сите трошоци за учеството и патот се целосно покриени.
На крајот, за учеството следува и сертификат, издаден од организаторите Civil Rights Defenders.
Доколку се пронаоѓате во оваа тематика, а воедно ги исполнувате условите и сакате да се стекнете со искуства и знаења од оваа област, пријавете се со испраќање на CV и мотивационо писмо на: applications@mk.elsa.org најдоцна до 28.02.2023 година.