College of Europe (Колеџот во Европа) е една од најстарите академски институции за Европски студии.
Со своите кампуси во Бриж (Белгија) и во Натолин (Варшава, Полска) овој колеџ е основан со цел да нуди академско образование во областа на политички, правни, економски и меѓународни прашања поврзани со динамичните текови на европската интеграција. Билингвалните постдипломски студии (European Interdisciplinary Studies) кои се нудат на кампусот Натолин истотака им овозмжуваат на студентите да се специјализираат во областите European History and Civilization и European Neighbourhood Policy.
Секоја година College of Europe им посакува добредојде на студенти од Северна Македонија кои ги започнуваат своите студии овде со цел да го зајакнат својот професионален профил пред да започнат да градат кариера во државна администација, во дипломатија, во европски или меѓународни организации, во граѓанското општество,во приватниот сектор или во академската сфера. Понудата за втор циклус-постдипломски студии е поткрепена со различни стипендии кои ги нуди владата, јавните или приватните институции. Приближно 70% од студентите кои студираат на College of Europe се корисници на некој вид на стипендија.
Во таа насока, на барање на College of Europe и во соработка со него Економскиот факултет-Скопје е домаќин на онлајн информативна сесија насловена „ПРОМОЦИЈА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА СТУДИРАЊЕ НА COLLEGE OF EUROPE“, која ќе се одржи на 7 декември, понеделник, 2020 година со почеток во 15.00 часот на следниот ЛИНК
*Лозинка: Natolin
Оваа информативна сесија е наменета за студенти кои се во последната година од своите студии во некоја од следните облaсти: меѓународни односи, политички науки, Европски студии, Европско право, економија, историја и останати сродни дисциплини.
Материјали за студентите:
- Брошура за College of Europe за 2021
- Каталог за College of Europe – Natolin Campus за 2021: на англиски јазик и на француски јазик
- Веб страни : www.coleurope.eu/eis & www.coleuropenatolin.eu
Почитувани студенти,
Го очекуваме вашето ценето присуство.
Со почит,
Правен факултет