Правниот факултет „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ во Скопје, соопштува дека на 17.12.2021 година (петок) со почеток во 13 часот, докторантката м-р Вероника Рашковска ќе ја брани својата докторска дисертација на тема: ,,ГРАНИЦИ НА СЛОБОДАТА НА ТВОРЕШТВОТО ВО ДИГИТАЛНОТО НОВИНАРСТВО – ГРАЃАНСКО ПРАВНИ АСПЕКТИ“.
Одбраната ќе се одржи во Нова Сала за ННС во просториите на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Од Правниот факултет
„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ Скопје