Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 15.04.2022 година (петок) со почеток во 16 часот, докторандот м-р Љубен Коцев ќе ја брани својата докторска дисертација на тема: ,,Арбитрабилност на споровите од областа на конкурентското право“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет
„Јустинијан Први“ во Скопје
04/04/2022