СООПШТЕНИЕ

Почитувани, 

Ве информираме дека годишната конференција на трет циклус на академски студии – докторски студии за втори, четврти и шести семестар ќе се реализира во период од 21.11.2022 година до  09.12.2022 година. 

За таа цел, потребно е пријавите за учество на годишната конференција од Вашата студиска програма да ги доставите до архивата на факултетот   најдоцна до 14.11.2022 година. 

  • За конференцијата во вториот семестар на трет циклус на студии, студентот поднесува: пријава (во три примероци потпишана од менторот и од студентот), краток труд кој содржи преглед на актуелната литература поврзана со истражување на специфична област, како можност за изработка на докторскиот труд, презентација за пишаниот текст и во определениот термин реализира јавна презентација; 
  • За конференцијата во четвртиот и шестиот семестар на трет циклус на студии, студентот поднесува: еден примерок од семинарскиот труд, пријава (во три примероци потпишана од менторот и од студентот), презентација на рецензираниот труд, од семинарот во претходниот семестар и во определениот термин реализира јавна презентација; 

Право на учество на годишната конференција за четврти и шести семсетар имаат студентите кои ја реализирале активноста од трети, односно петти семестар и преку советот на студиска програма на трет циклус на студии добиле позитивна рецензија за поднесениот докторски семинар. 

Со почит,