СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Ве известувам дека јавната одбрана на магистерскиот труд насловен „Споредбена анализа на правата и обврските на страните во договорот за доживотна издршка низ призмата на македонското законодавство и компаративната судска пракса“ од кандидатката Симона Стоилевска, со бр. на досие 45192 (извештај усвоен на седницата на ННС одржана на 04.05.2020. година), ќе се одржи на 25.05.2020. година, од 11:00 часот, преку видеоконференциската платформа Microsoft Teams, пред Комисија во состав: проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска (ментор), проф. д-р Дејан Мицковиќ и проф. д-р Ненад Гавриловиќ.

Срдечно,

Н. Гавриловиќ