Терминот за впишување оцени по предметот Финансово право е вторник (13.10) на Платото на Правниот факултет согласно следниот распоред:
- студенти чии презимиња започнуваат на А – М – во 12 часот, и
- студенти чии презимиња започнуваат на Н-Ш – во 12: 30 часот.
Со оглед на моменталната здравствена ситуација, почитувањето на распоредот е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Во интерес на поголема ефикасност студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да имаат пополнет индекс(предмет и датум на полагање) и пријава(предметот и датумот да бидат пополнети и во делот каде што стои “попoлнува наставник”).
Овој термин се однесува за сите студенти кои испитот го положиле во некоја од изминатите сесии, како и за студентите кои испитот го полагаат во октомвриската (дополнителна) сесија. Студентите кои ќе го пропуштат овој термин, оцена ќе можат да земат ЕДИНСТВЕНО во дополнително определен и објавен термин.