Почитувани студенти,
Влезниот колоквиум по предметот Финансово право во дополнителната зимска сесија ќе се спроведе на 9.2 (четврток) со почеток од 10часот во амф.3.
За потсетување- влезниот колоквиум е услов за полагање на завршниот испит; влезниот колоквиум во погоренаведениот термин ќе имаат право да го полагаат единствено студентите кои испитот ќе го пријават за полагање во оваа дополнителна сесија на 13.2; студентите кои веќе го имаат положено влезниот колоквиум во некој од претходните термин, истиот не го преполагаат повторно; влезниот колоквиум е услов и за студентите кои предметот Финансово право го имаат презапишано; и обврската за полагање на влезниот колоквиум не се однесува на вонредните студенти.
Катедра по Финансово право