Почитувани колеги,
Ве известувам дека терминот за впишување оцени по предметот Финансово право е среда (22.9) во 10часот пред главниот влез на Правниот факултет. Студентите задолжително со себе да носат индекс и да имаат уредно пополнета пријава во која точно ќе биде наведено во која сесија и декада го полагале испитот.
Овој термин се однесува на сите студенти кои се уште немаат земено оценка по Финансово право, независно од испитната сесија во која полагале. Не се бара лично присуство, а студентите кои ќе го пропуштат овој термин, оценка ќе можат да земат единствено во дополнително определен термин по спроведување на испитот во дополнителната сесија.
Катедра по Финансово право