На 25.4.2024 година, Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје беше домаќин на тркалезната маса – “Предизвици во развојот на конкурентското право во Северна Македонија и неговата усогласеност со правото на ЕУ”, која се одржа во рамките на проектот JEAN MONNET CENTER OF EXCELLENCE South and East European Competition Law Centre of Excellence. На тркалезната маса присуствуваа преку шеесет учесници. Настанот го отвори Деканот на Факултетот, проф. д-р Сашо Георгиевски, кој го истакна значењето на поврзувањето на науката со практиката. Како модератор на настанот проф. д-р Дарко Спасевски, ја нагласи важноста на оваа регионална иницијатива и можноста за поврзување. Со свои обраќања учествуваа членови на академската заедница на правните факутети од Осиек и Риека, Хрватска, Тирана, Албанија, како и колеги професори од Македонија. Панелисти беа и претседателката на Комисијата за заштита на конкурецијата, г-ѓа Ана Николоска и г-ѓа Валентина Николова, раководителка на сектор, судијата на Управниот суд м-р Дитурије Елези Незири, д-р Ана Пепељугоска од адвокатското друштво ”Пепељугоски” и д-р Весна Панукоска Додевска, од Пивара Скопје. На тркалезната маса со свое учество и видувања се вклучија 12 претставници на адвокатски канцеларии, претставник на Американската стопанска комора во Севрна Македонија, како и нашите драги студенти.