Правниот факултет „Јустинијан Први“ во партнерство со Институтот за демократија (ИДСЦС) и во соработка со Центарот за демократија, развој и владеење на правото на Универзитетот Стенфорд отвора повик за 30 учесници за четвртата “Лидерска академија за развој” во Скопје.
Лидерската академија за развој (ЛАД) е водечки проект имплементиран од Центарот за демократија, развој и владеење на правото (ЦДДРЛ) на Институтот за меѓународни студии Фримен Споли на Универзитетот Стенфорд воден од професор Френсис Фукујама.
ЛАД обучува претставници на државни институции и бизнис лидери од земјите во развој со цел да го поддржат приватниот сектор во процесот да стане конструктивна сила за економски раст и развој. Семинарот ги едуцира внимателно избраните учесници како да бидат лидери за ефективни реформи, промовирајќи стабилни јавни политики во сложени и спорни услови.
Датум: 11 – 15 октомври 2021 година
Место: Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Крајниот рок за поднесување на вашата апликација е 5 септември 2021 година.
За повеќе информации превземи ТУКА.