Приклучување кон online предавања на втор циклус на студии за летен семестар 2021/22 година на платформата Microsoft Teams

Почитувани студенти,

Секој студент ќе добие мејл во следниов формат ime.prezime(.1/2/3)@students.pf.ukim.mk.

Со овој мејл студентите ќе може да се најават на Microsoft Teams, со единствена цел, за да слушаат предавања online.
Во прилог ви праќаме упатство за креирање на  Microsoft Teams службен мејл. ЛИНК

Секој студент, потребно е да го отвори распоредот на предавања поставен подолу, и да кликне Join на линкот во последната колона, согласно соодветната насока и предмет.

Со кликнувањето Join, значи дека сте испратиле request за влез во групата. Предмениот професор ќе го прифати вашиот request за влез во групата на Microsoft Teams и со тоа станувате дел од групата на Microsoft Teams по одреден предмет.

Microsoft Teams Распоред на предавања

УПАТСТВО ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ONLINE MEETING-ПРЕДАВАЊЕ

НАПОМЕНА: Студентите запишани на вториот уписен рок – 2021/22 година, кои се дипломирани на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, не треба да ја користат повеќе службена адреса од прв циклус на студии. Потребно е да ја активираат службена адреса за втор циклус на студии, согласно испратеното упатство погоре. Доколку имате важни информации и податоци на one drive business-от од старата службена адреса, ве замолуваме да ги зачувате или префлите на новата службена адреса.

Со почит,
Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје