ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА НАУКА  „Науката го поврзува светот! Поврзи се со УКИМ!“

 

ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА НАУКА

 „Науката го поврзува светот! Поврзи се со УКИМ!“

 12.04.2022 / 12:00-13:30

 

Живеејќи и творејќи во време на 4-та индустриска револуција, го имаме тој предизвик, да чекориме по патот на глобалните истражувања и технолошките иновации, кои креираат нов свет, базиран на континуиран развој.

УКИМ има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.

 

Науката е значајна за секој поединец, станува отворена, разбирлива, граѓанска, двигател на развојот и дел од современото живеење.

Драги студенти, вклучете се на 12-ти Април во 12:00 на Zoom, бидете дел од дебатата за наука, и откријте зошто сте Вие потребни.

На настанот ќе говорат:

  1. Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ
  2. Проф.д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ
  3. Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ
  4. Проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
  5. Проф. д-р Марија Вавлукис, вонреден професор на Медицински факултет
  6. Проф. д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
  7. Проф.д-р Владимир Ивановски, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
  8. Проф.д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
  9. Проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал и постојан член на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ
  10. Проф. д-р Владимир Атанасовски, редовен професор на Факултет за електротехника и информациски технологии
  11. Проф. д-р Ѓоше Стефков, редовен професор, Фармацевтски факултет
  12. Марија Акимовска, Менаџер за развој на бизнис во THRIVITY, Модератор на настанот

Настанот е дел од серијалот Зборуваме отворено, во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY Кариерниот центар, кој ги следи трендовите од областа на човечкиот капитал и се стреми кон остварување на визијата за креирање на отворен, конкурентен и транспарентен пазар на труд.

За да можете да го следите настанот онлајн потребно е да се пријавите на следниот линк.

Ве очекуваме!
Зборуваме за наука!
Зборуваме за младите!