Промовирана книгата„Хрватите во високообразовниот и културниот живот на Македонија во 20 век

Во свечената сала на Факултетот, на 12.4.2022 година во организација на Заедницата на Хрватите во РС Македонија„ а под покровителство на „Средишната државна канцеларија за Хрватите вон Република Хрватска„ од Загреб. се одржа промоција на книгата „Хрватите во високообразовниот и културниот живот на Македонија во 20 век“ од авторите Проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, проф. д-р Мирјана Поленак-Аќимовска, проф. д-р Владо Бучковски и проф. д-р Гоце Наумовски..
Наведената книга се издава врз основа на потпишаниот „Меморандум за соработка„ помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први„ УКИМ Скопје, и Заедница на Хрвати во РС Македонија а имајќи го предвид историскиот придонес на еминентни професори по општествените науки а особено по правни науки по потекло од Хрватска, во основањето и развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Градежниот, Медицинскиот, Филозофскиот и Факултетот за архитектура, во втората половина на дваесетиот век и нивниот придонес за македонската наука.

Промотор на изданието беше Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Проф. д-р Сашо Георгиевски а во име на Претседателката на Заедницата Хрватите се обрати г-дин Ненад Живковиќ, претставник на Заедницата на Хрватите. 

 

Низ 40-те страници на книгата се спомнуваат имиња на познати и признати правници, историчари, физичари, хемичари, медицинари, економисти, градежни инженери и архитекти, композитори, диригенти, оперски пеачи, режисери, писатели, творци, идеалисти и практичари кои ја поставиле основата на повоениот македонски високообразован живот и оставиле значаен белег во севкупниот научен и културен живот. Иако мала по обем, книгата е пионерски израз и поттик за натамошно пишување и соработка на двата народи – македонскиот и хрватскиот.

Авторите се професорите Наташа Котлар-Трајкова, Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски и Гоце Наумовски.

На настанот покрај другите гости, присуствуваа и Директорот на „Агенцијата за остваривање права на Заедниците„ г. Еран Куртиш како и Заменикот Министер во „Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците„ г. Џабир Доко.