Почитувани колешки и колеги,
Ве известувам дека учебната 2022/2023 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје ќе започне со прв академски час на 3 октомври 2022 година со почеток во 11.30 часот во аулата на Факултетот.
На првиот академски час ќе се обратат:
- Проф. д-р Сашо Георгиевски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје,
- Проф. д-р Никола Тупанчески, Министер за правда, и
- Г-дин Дамјан Величковски, Претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
На првиот академски час свечените химни ќе бидат во изведба на членовите на хорот при АКУД „Мирче Ацев“ во Скопје.
Редовната настава ќе започне да се спроведува според објавениот распоред од 4.10.2022 г. (Вторник).
Срдечни поздрави,
Проф. д-р Сашо Георгиевски
Декан