Известување за прва испитна сесија во учебна 2022/2023 година

Почитувани,   

Ве известуваме дека согласно Академскиот календар на Универзитетската школа за докторски студии во учебната 2022/2023 година првата испитна сесија ќе се спроведе во период од 16 јануари до 14 февруари 2023 година.    

Термините за испитите во првата испитна сесија во учебната 2022/2023 година студентите ги договараат во координација со предметните наставници врз основа на пријавата за избор на предметите од академската обука.   

Со почит