Информација за влезен колоквиум по Финансово право

Влезниот колоквиум по предметот Финансово право во јануарската испитна сесија ќе се спроведе во среда (18.1) со почеток во 10 часот во амф.8.

Во прилог е списокот на студенти кои во среда треба да полагаат влезен колоквиум како услов за полагање на испитот по Финансово право во јануарската испитна сесија, независно од избраната декада, со оглед дека овие студенти го пријавиле испитот преку iknow  и поднеле пријава на студентски прашања, а досега не полагале или полагале, но не го положиле влезниот колоквиум.

Резултати од влезниот колоквиум ќе има уште истиот ден, кога ќе Ви биде објавен и список на студенти кои ќе имаат право да го полагаат завршниот испит по Финансово право во првата и втората декада во јануарската испитна сесија 2022/23.

Катедра по Финансово право