Пријава за Moot Court натпревар за човекови права

Драги студенти,

➡️Ве известуваме дека во тек е рокот за пријавување на Moot Court натпреварот.

➡️Во овој период, кога сме полни со знаења после испитната сесија, а токму пред стартот на следниот семестар, Ве мотивираме да го искористите рокот до 2️⃣4️⃣. 0️⃣2️⃣. 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година и да станете дел од овој натпревар.

Во продолжение ви нудиме дообјаснување и одговори на прашањата поврзани со натпреварот:

Што ви нуди Moot Court натпреварот❓️

✅️Moot Court натпреварот ви нуди единствена можност да ги продлабочите и усовршите вашите знаења од областа на човековите права, механизмите за нивна заштита, Европската конвенција за човекови права, работата на Европскиот суд за човекови права и постапката пред него. Ќе се најдете во улога на апликант или држава, ќе имате шанса да пишувате правни поднесоци, да се користите со праксата на судот и на крај вашите поднесоци усно да ги презентирате пред судии од Европскиот суд за човекови права од Стразбург.

Што ви е потребно❓️

1️⃣Да сте најмалку студент во трета година, правни студии;

2️⃣Да ги имате положено испитите Вовед во правото на ЕУ и Меѓународно јавно право;

3️⃣Да имате солидни познавања од англискиот јазик;

4️⃣Да имате вештини за јавно говорење и јавен настап.

Како оди селекцијата❓️

👉Од заинтересираните студенти, ќе се изврши избор на шестмина најдобри учесници кои ќе учествуваат на натпреварот, соодветно поделени како тим држава и тим апликант.

👉По формирањето на тимот, ќе следи подготовката на даден случај заедно со тренерите, адвокати и експерти од областа на човековите права.

Каде, кога, како ќе се одржи натпреварот❓️

👉Финалниот натпревар ќе се одржи во Црна Гора, Подгорица во месец мај.

👉Сите трошоци за учеството и патот се целосно покриени.

👉На крајот, за учеството следува и сертификат, издаден од организаторите Civil Rights Defenders.

✅️Доколку се пронаоѓате во оваа тематика, а воедно ги исполнувате условите и сакате да се стекнете со искуства и знаења од оваа област, пријавете се со испраќање на CV и мотивационо писмо на: applications@mk.elsa.org најдоцна до 28.02.2023 година.