Правниот факултет при Универзитетот во Белград го организира Третиот семинар наменет за студенти на докторски студии под наслов PhD Colloquium, кој ќе се одржи во хибридна форма – online преку платформата Webex и во живо на 10 и 11 мај 2023 година.
Семинарот има за цел на студентите на докторски студии да им понуди можност да го претстават своето досегашно истражување и да добијат конструктивни коментари и сугестии за унапредување на својата докторска дисертација, како и да разменат идеи со други докторанди.
Имено, на семинарот секој кандидат ќе добие прилика во текот на 15 минути да го претстави своето докторско истражување, по што следните 10 минути ќе добие коментари од универзитетски професори компетентни за областа, како и од другите учесници – докторанди.
Рокот за пријавување е 15 април 2023 година.
Повеќе информации се достапни на следниов ЛИНК.