Соопштение

Ни претставува посебнo задоволство да Ве известиме дека во периодот 19-22 aприл 2023 година, гости на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје ќе бидат студенти и професори од Факултетот за право и администрација при Јагелонскиот универзитет во Краков, Полска. Посетата е организирана од страна на раководителите на Катедрите за граѓанско процесно право на двата факултети, проф. д-р Татјана Зороска –Камиловска и dr. hab. Radosław Flejszar.

Во рамките на посетата, на 20 април 2023, со почеток во 10 часот, во салата за конференции (нова сала за ННС) ќе се одржи заеднички меѓународен научен семинар на тема “Principles of Civil Procedure in a Comparative Law Perspective”.