Електронско пријавување на испити во летен испитен рок и дополнителен термин за полагање во летен испитен рок за прв и втор циклус на студии за учебната 2022-2023

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ЛЕТЕНИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

24.04.2023 до 04.05.2023 година,

Начин и постапка на пријавување во летниот испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  • Студентите пријавуваат во iKnow системот од 24.04.2023(понеделник) до 04.05.2023(четврток), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања од 24.04.2023(понеделник) до 04.05.2023(четврток), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЛЕТЕНИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на следниот датум:

27.06.2023(вторник)

Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во летен испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 27.06.2023(вторник), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во летен испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии .

Распоредот можете да го преземете на  следниов ЛИНК.