Покана за прв академски час во учебната 2023/24 година

Почитувани бруцоши!

Ве известуваме дека Првиот академски час за новозапишаните студенти на Првиот циклус на студии на нашиот факултет ќе се одржи на 02.10.2023 г. (понеделник) со почеток во 11.00 часот. 

Предвидено е Првиот академски час да трае околу половина час, по што започнуваме со редовната настава во Понеделник од 12.00 часот за сите три групи, согласно распоредот за настава!

Списокот со групи дополнително ќе биде објавен.

Ве очекуваме!