Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, ќе спроведе сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини
Курсевите за практични правни вештини се наменети за студенти по право и млади дипломирани правници со цел да ги зголеми нивните знаењата и вештините на следните теми:
- правно пишување;
- правно говорење;
- интервјуирање и советување;
- вештини за судење;
- правно расудување и аргументирање и
- правно истражување и етички аспекти на правната професија.
Курсевите се еднодневни и се спроведуваат online преку платформата Zoom.
Првата обука за правно пишување се одржа на ден 23.03.2023 година, додека втората се одржа на ден 08.05.2023 година.
Третата обука од курсот на тема интервјуирање и советување ќе се одржи на ден 16.10.2023 година (понеделник) со почеток од 14:00 часот, на платформата zoom.
Ве замолуваме да номинирате најмалку двајца млади правници од Вашата правна клиника за учество на обуката на тема интервјуирање и советување со цел јакнење на нивните капацитети и стекнување на дополнителни вештини и знаења.
Пријавувањето на учесниците е со пополнување на формуларот (во прилог) на е-пошта: amarkovska@myla.org.mk, најдоцна до 15.10.2023 година.
На учесниците кои ќе се пријават да учествуваат на обуката, ќе им биде испратен линк за вклучување и следење на истата.
Во прилог покана и формулар за пријавување
Формуларот можете да го најдете и пополните на следниот линк – Формулар за пријавување