Правниот факултет „Јустинијан Први“ го објавува Повикот за слушатели на шест курсеви за холокаустот во учебната 2023/24 година. Курсевите се бесплатни и отворени за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Повеќе информации поврзани со нашите курсеви, предавачи како и формуларот за пријавување на слушатели можете да најдете на следнава ресурсна страница /holokaust/
Курсевите ќе бидат реализирани со поддршка на Claims conference New York (Конференција за еврејските материјални побарувања од Германија) во учебната 2023/24 година, а Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е еден од двата европски универзитети избрани за овој престижен грант.