Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организираат конференција за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ.
Конференцијата е насловена како „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ и ќе се одржи на 28 мај 2024 со почеток во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Конференцијата ќе ја отворат професор д-р Сашо Георгиевкси, декан на факултетот и Александар Марјановиќ, директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
На настанот свои обраќања ќе имаат:
Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Република Северна Македонија
Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Република Северна Македонија
Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025
Бранко Геровски, новинар
На овој настан ќе бидат промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ од Бранко Секуловски. Промотори на книгите ќе бидат Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски Фили.