Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ

На 28.5.2024 г., во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје , во коорганизација со Фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“ се одржа конференција за одбележување 85 години од раѓањето на проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, насловена „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“.

Конференцијата ја отвори деканот на Правниот факултет проф. д-р Сашо Георгиевски, по што свои обраќања имаа Гордана Силјановска Давкова претседателка на Република Северна Македонија, Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Бранко Геровски новинар. Осврт на животот на професорот Марјановиќ даде Александар Марјановиќ директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

На конференцијата беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ од Бранко СекуловскиПромотори на книгите беа Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски Фили.