Објавен учебникот „ОСНОВИ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

Со задоволство ве известуваме дека неодамна од печат излезе новиот учебник „Основи на правото на Европската Унија“ од авторите проф. д-р Сашо Георгиевски и проф. д-р Илина Ценевска, во издание на издавачката куќа „Култура“.
Учебникот е наменет за студентите од трите циклуси на студии на кои се изучува правото на Европската Унија, но, воопшто, и за сите оние кои би сакале да ги продлабочат своите знаења од оваа област.
Учебникот може да се набави во книжарницата „Авогадос“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и книжарниците на „Култура“ во Скопје.