(8.10.2024 г.) Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено го отвори Студиото за новинарство при Центарот за иновации во медиумите.
На отворањето свечено обраќање одржаа проф. д-р Сашо Георгиевски Деканот на Правниот факултет, н.е. Ангела Агелер Амбасадор на САД во Северна Македонија, проф. д-р Билјана Ангелова ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Стефан Андоновски министер за Дигитална трансформација, Дон Гилпин од Волтер Кронкајт школото за новинарство и масовни комуникации при Државниот универзитет во Аризона и проф. д-р Јасна Бачовска-Недиќ раководител на Центарот за иновации во медиумите.
Студиото е опремено со најсовремена опрема за создавање и уредување на медиумски проекти, со цел унапредување и осовременување на студиите по новинарство на Правниот факултет, со поддршка од амбасадата на Соединетите Американски држави преку заеднички проект со Волтер Кронкајт школото за новинарство и масовни комуникации од Аризона.