Предавање на тема „Секојдневниот живот на македонските Евреи пред и за време на холокаустот“

На 5 декември 2024 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ гостин-предавач беше м-р Жаклина Мучева, раководител на Секторот за образование на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Таа одржа предавање на тема „Секојдневниот живот на македонските Евреи пред и за време на холокаустот“. Предавањето беше реализирано во рамките на Универзитетската програма за изучување на холокаустот, која се реализира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е поддржана од Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија (Claims conference – New York).