Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 18.12.2024 година (среда) со почеток во 14.30 часот, докторантката м-р Лепосава Огњаноска Ставровска ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Владеењето на правото како темелна вредност на Европската Унија и процесот на европска интеграција и во политиката на проширување со фокус на Западниот Балкан“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје