Правната клиника по право на бегалци ги повикува студентите да се приклучат на програмата во текот на летниот семестар за академската 2024/25.
Правната клиника за право на бегалци (Refugee Law Clinic) претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалците и миграциите. Како и до сега, предавањата ќе се спроведуваат во просториите на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Правната клиника може да се избере како дополнителна наставна активност, но и како дел од редовната наставна програма преку изборните предмети на факултетот и универзитетот. Како изборен предмет од факултетот програмата е понудена преку Модул 1 – Право на бегалци и миганти, односно преку предметите: Бегалци и мигранти, Меѓународно право за бегалци, Европско право за азил и миграција. Како изборен предмет преку Универзитетската листа, може да се избере преку предметот Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права.
Студентите, како и до сега, ќе имаат можност да проследат предавања од страна на универзитетски професори – ментори на правната клиника, предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Република Северна Македонија, Македонско здружение на млади правници и домашни и меѓународни експерти и практичари.
Правната клиника за право на бегалци се спроведува од страна на Refugee law and Migration Center – “Iustinianus Primus” Law Faculty, Skopje, во рамки на стратешкото партнерство помеѓу Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и UNHCR-Skopje, Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија.
Регистрацијата трае до 15.03.2025.
За учество на правната клиника можете да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/KVyqP5s28Smx37rLA
За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, можете слободно да не контактирате на: lawclinicrefugees@gmail.com
Истовремено информации можете да најдете на нашата веб страна: https://refugeelaw.mk/en/
