Почитувани студенти,
Во прилог можете да ги најдете Правилата за спроведување на изборите за претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје кои ќе се одржат на 14.05.2025 година. Кон овие правила е прикачен и образецот на пријава за кандидатура (пријава за кандидатура треба да биде поднесена најдоцна до 30.04.2025 година). Кандидатурата треба да ја поддржат најмалку 50 студенти од Факултетот.
Исто така, во прилог може да најдете и документ со поважни датуми поврзани со претстојните избори.
На крајот, го повикуваме секој студент да направи увид во Избирачкиот список за претстојните избори и до 29.04.2025 година да се обрати со барање за корекција/дополнување на Избирачкиот список, преку Архивата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
17.04.2025 Изборна комисија
|