СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА ЗИМСКИ И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ЗАПИШАНИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

 

Датум:

02 до 09 мај 2025 година

Час:

11 до 14 часот

Почитувани студенти,

 

Во период од 02 до 09 мај 2025 година  во службата за студентски прашања ќе се врши заверување на зимски и запишување на летен семестар за студентите коишто се запишаа во вториот уписен рок на втор циклус на студии во учебната 2024-2025 година.

Службата за студентски прашања ќе работи во период од 11:00 до 14:00 часот.

За подетални информации Ви стоиме на располагање на тел. 02/3181-545, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  1. Потврда за уплата на  втора  рата од школарина:

 зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

 

  1. Потврда за уплатени 2.000,00 денари за набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

 

  1. Потврда за уплатени 2000,00 денари за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

 

  1. Потврда за уплатени 100,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:

Назив на примачот: УКИМ

-жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723019,

– програма 41

– цел на дознака:  обрасци за упис и заверка на семестар за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

 

Напомена:

Вкупниот износ за точка 2 и точка 3  е 4000,00 денари за учебната 2024/25 година.

Студентите при запишувањето на зимскиот семестар уплатиле 2000,00 денари а втората рата од 2000,00 денари ќе го уплатат при уписот на летниот семестар за учебната 2024/25 година.

Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки на Универзитетот, почнувајќи од зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година, заверувањето и запишувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци:

  • Образец за заверување на семестар
  • Образец запишување на семестар

 на шалтерите на студентските служби.

Системот автоматски ги креира споменатите обрасци врз основа на податоците што студентот ги внесува при изборот на предмети што планира да ги запише во претстојниот семестар (Образец за запишување на семестар).

Студентите немаат обврска да запишуваат предмети од вториот семестар во iKnow системот. Избраните предмети за вториот семестар ги запишуваат на посебен лист даден од страна на службата за студентски прашања. Предметите ќе бидат запишани во iKnow системот.

 

Со почит,

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје