⚖️ „Генетика на правдата: Наследството на вината меѓу гените и законот“
14 мај (среда) | 14:00 часот | Читална – Правен факултет „Јустинијан Први“
➡️ Што се случува кога судот изрекува пресуда, а науката подоцна каже: „Сте згрешиле“?
➡️ Дали правдата може да се препрограмира?
➡️ Кога генетиката зборува, правото мора да слуша.
️За сите овие прашања, како и за уште многу други аспекти од случајот од Австралија, ќе зборуваме со следните говорници:
️ Проф. д-р Елена Игновска –
Правен факултет „Јустинијан Први“
️ Проф. д-р Тодор Арсов – Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
️ Проф. д-р Златко Јаќовски – Експерт по судска медицина
️ Проф. д-р Бобан Мисоски – Правен факултет „Јустинијан Први“
Овој настан ќе отвори еден од најконтроверзните случаи од последните децении – вистинска приказна за осудена мајка, четири трагедии, и гласот на науката што по години молк го смени текот на правдата.
Во соработка со EMSA – Европската медицинска студентска асоцијација, ќе ги поврземе правото и медицината заедно на едно место – со цел да покажеме колку е важна меѓусебната соработка за вистинска правда.
✍️ Пријавувањето за настанот е на следниот линк:
Котизација за настанот не е предвидена меѓутоа на самиот настан ќе бидат оставени кутии за донација за сите кои се во можност да донираат колку сакаат за помош на семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани.