Трудово и социјално право без граници

Денес, за студентите се одржа гостинско предавање на тема „Европски трудови стандарди и судска пракса“ од страна на проф. Валериа Илиева, Metre en conference (droit du travail) при Правниот факултет на Универзитетот Picardie Jules Verne во Амиен, Франција — врвен експерт од областа на трудовото правото и докажан научен работник со богато меѓународно искуство. 
 
Исклучително редок и уникатен момент каде студентите имаа можност да се запознаат со европските правни текови и актуелната легислатива од областа на социјалното право. Одлична можност за директна комуникација и размена на мислења со меѓународен предавач, што е особено корисно за нивниот академски и професионален развој.