Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, на следниот датум:
27.06.2025 (петок)
Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во летен испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот на 27.06.2025(петок), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања на 27.06.2025(петок), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.