Отворање на Клиника посветена на Целите за Одржлив Развој

На 25 ноември 2025г. на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, ќе биде отворена првата Клиника посветена на Целите за Одржлив Развој, во организација на Програмата за развој на Обединетите нации, АД „Алкалоид“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“, а со цел да им ја доближи на студентите визијата за одржлив раст и да ги мотивира во нивната идна истражувачка, академска и општествено ангажирана улога.
На отворањето на Клиниката, која се одржува од 25 до 28 ноември на Правниот факултет ќе учествуваат 30 студенти, кои со помош на претставници од академската заедница, приватниот сектор и меѓународните организации, ќе ги истражуваат врските помеѓу развојните политики, животната средина и климатската акција и подлабоко ќе се запознаат со Агендата 2030.