Почитувани,
Во прилог можете да ги најдете резултатите од испитите на мастер студиите по административно право и јавна администрација во првата декада од јануарската испитна сесија од учебната 2025/2026 година (датум: 14.01.2026).
Се замолуваат студентите кои ги положија испитите да се јават за впишување оценки на 28.01.2026 година, во 11:00 часот, во кабинетот на проф. д-р Ивана Шумановска Спасовска. Студентите се должни со себе да понесат индекс. Доколку студентите не се во можност да се јават на наведениот термин можат да стапат во контакт со доц. д-р Константин Битраков (k.bitrakov@pf.ukim.edu.mk) во однос на друг термин.
Од Катедрата