Настан во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“  

На 26 март, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Блогот Зелена Инцијатива кој го уредуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ под водство на проф. д-р Илина Ценевска од Катедрата по Право на Европска Унија, беше одржан настан на тема: „Правото во одбрана на природата: Како граѓаните да ги користат правните механизми за здрава животна средина?“. 

На настанот свои излагања и дискусија со студентите имаа м-р Марко Гучески и м-р Милијана Богданоска, еколошки правници од „Еко-свест“, кои зборуваа за активностите кои ги презема нивната организација за обезбедување на правна поддршка и советување на граѓаните кои се соочуваат со различни видови на еколошки проблеми во нивната непосредна животна околина. Меѓу другото, беше промовирана и алатката „Зелен телефон“ како механизам преку кој граѓаните можат да пријават еколошки проблем и да побараат правна помош.