ПОВИК ЗА УЧЕСТВО –  Конференција: Вештачката интелигенција и правото – интердисциплинарни перспективи и Работилница: Од регулатива до пракса

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Ве поканува на конференција и работилница:

„Вештачката интелигенција и правото: интердисциплинарни перспективи, европски стандарди и национални предизвици“

Датум: 20 мај 2026 година

Време: 10:00 часот

Место: Библиотека на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Настанот ќе обедини излагања на врвни професори и експерти од различни правни области, кои ќе ги разгледаат правните, институционалните, етичките и практичните предизвици што ги отвора примената на вештачката интелигенција.

Во рамките на конференцискиот дел ќе учествуваат:

  • проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска
  • проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска
  • проф. д-р Лазар Јовевски
  • проф. д-р Александар Ристовски
  • проф. д-р Христина Рунчева – Тасев
  • проф. д-р Александар Спасов

Посебен дел од настанот претставува практичната работилница:

„Од регулатива до пракса: како да се подготвиме за новите правила за ВИ“

Предавач:
м-р Даниела Атанасовска, виш аналитичар за усогласеност со значајно практично искуство во компании од различни индустрии на европскиот, американскиот и глобалниот пазар.

Работилницата ќе биде насочена кон практичната примена на регулативата за вештачка интелигенција, AI compliance, проценка на ризици и развој на алатки за следење на усогласеноста со релевантните меѓународни стандарди.

По завршувањето на работилницата ќе следува:

  • доделување сертификати за учество;
  • коктел и неформална дружба.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

 

Задолжително е претходно пријавување (трае до 18 мај 2026).

Пријавете се на следниот линк: Регистрација за конференција и работилница – Fill out form

 Настанот се реализира во рамките на проектот:
„Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.

Ве очекуваме!