Почитувани студенти,
Би сакале да ве известиме дека на 24ти јуни 2026 година со почеток во 10:00 часот во просториите на Правниот факултет ќе се одржи настан посветен на европските стандарди во областа на недискриминацијата, слободата на изразување и стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP) од страна на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.
Настанот е дел од акциите на Советот на Европа кои се однесуваат на Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија и Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Северна Македонија во рамки на Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција и има за цел да придонесе кон унапредување на знаењата и практичната примена на стандардите на Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права, со посебен фокус на балансирањето помеѓу слободата на изразување и заштитата од дискриминација и говорот на омраза, како и препознавање и справување со SLAPP тужбите како закана за јавната дебата и демократското учество.
Настанот е предвиден за студентите од правни студии, политички студии и новинарство, со цел поттикнување интердисциплинарна дискусија и размена на искуства помеѓу идните правници, политиколози и медиумски професионалци. За учество на настанот студентите ќе добијат Сертификат.
Со оглед на тоа што местата се ограничени, заинтересираните студенти можат да се пријават кај Проф. д-р Елена Михајлова Стратилати (e.mihajlova@pf.ukim.edu.mk) надоцна до 12.06.2026 година (петок).